притиска (гл.) - глава (имн.)

И никој не знаел од каде доаѓа таа детска меланхолија, никој не знаел што ги предизвикува тие воздишки, и никој не знаел што го врти неговиот поглед настрана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Паничеше пред неизвесноста на здравјето и болеста, а мене упорно ме притискаше главата од тежината на мојата професија која никогаш не успеав да ја утврдам сосема, но која, во тој миг, беше некако необично налик на лекарска...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Детето останувало во својата болка, како потопено во вода, како некоја мака да му ја притискала главата и го присилувала да потоне во болката, и само повремено го пуштала над површината на водата да може да земе здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)