прифати (гл.) - таков (зам.)

Мое беше дали ќе го прифатам таков или не, човек оптеретен со минатото, смртта на неговата жена, неговата болка, ама и отворениот и искрен пристап кон мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кон половината на ноември, во продукција на Плеј-Хаус, беше и премиерата на Conquest of the Universe.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа беше вистински општествен настан во андерграунд светот, бидејќи толпа луѓе од Макс и од нашите филмови беше во него...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Колку е фино кога имаш пријатели кои те прифаќаат таков каков што си.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зјапам во очите на луѓето околу мене кои мирно го издржуваат моето испитување. Никој не вели ништо.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Меѓутоа, Хилми-паша одбивал да прифати таква сугестија157.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се поставило прашањето за печатна пропаганда, со чија помош би требало да се придобие барем дел од општественото мислење и да се ангажираат и други кои што би сакале да прифатат таков вид борба против странскиот капитал.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но јас одбив да прифатам таков грд крај.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Случајот со застреланиот се повеќе се трудев да го заборавам, се почесто наслушнував како си шепотам дека не би требало Ведран да биде застреланиот Непознат, но истовремено се помалку верував дека Ведран некогаш ќе се врати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби тоа беше причина во моите самотни ноќи да почнам да трагам по неговиот глас што еднаш веќе го бев слушнала, но несреќната јас, којзнае зошто дозволив да ме одмине.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Уверен дека „сето постоење е проба за конечниот настап на совршенството“, Џим Саливан од Џорџија бил од истиот ситничарски сој. (31) Подготвен би бил, заедно со Фелоус, да ја прифатам таквата естетска ситничавост како одлика на машката геј-култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Манијачката опседнатост со постигнувањето на таа и таа нијанса на боја, со потребата косината на тој и тој покрив, текстурата на таа и таа површина да бидат баш како што треба можеби и е опседнатост што навистина е упадливо, својствено машко геј-културно обележје.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Чикашкиот конзерватор и поклоник на Луис Саливан, Ричард Никл, забележал: „Луѓето имаат право кога велат дека сум преситничав, но ако не си аналитичен во сѐ, тогаш, каде и да е, стануваш мудар и тогаш сѐ може да мине“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа се тие ситни детали“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)