прифати (гл.) - туѓ (прид.)

Не гледав зошто бидувањето геј треба да биде поинакво – зошто одеднаш треба да прифатам туѓи вкусови само зашто моите сексуални практики ме означиле како припадник на нивната група.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога виде дека е СИЛЕН и дека нема ПОСИЛЕН од него: ја подаде својата рака секому за да ги почитува и прифаќа туѓите умови прибирајќи ги во своето братско кралство!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Отпрвин овцата одбиваше, клоцаше, бодеше, не сакајќи да го прифати туѓото јагне, но кога Бојан на ист начин како и со овцата пред тоа, ја стисна меѓу нозете и ја присили да го надои јагнето, овцата како да се прекрши.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)