прифати (гл.) - дека (сврз.)

- Ѝ ја мазни косата, ја гали, ја бакнува и, не можејќи да прифати дека ѝ ја нема плетенката, со ожалостен и разочаран глас вели: - Никоја чупа како твојта плетенка немаше...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Одбиваше да прифати дека е природен закон поединецот секогаш да биде победен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој почувствува дека се најде на свој терен, па супериорно продолжи: - Да, мој пријателе, појавата на јазиците и натаму останува енигма за науката и лингвистите кои се поделени за нивното потекло, но генерално се прифаќа дека способноста за зборување на човекот започнува пред два милиони и двесте илјади години според генетичкиот код на Homo habilis.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако претпоставиме дека постои идентичност помеѓу структурата на текстот и структурата на нарациите или приказните коишто индивидуите ги живеат, и ако прифатиме дека е во наш интерес да ги градиме нашите животи преку нарации, тогаш би можеле да ги разгледаме деталите за тоа како индивидуите ги живеат своите животи преку нивото на акција и нивото на свесност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Прво, јас ќе прифатам дека денес ВИ е ограничена.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Македонците мораат да прифатат дека македонскиот државен идентитет не е ексклузивно резервиран за нив.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Токму тој вртеше со главата велејќи дека насилството не е решение и дека мораат да научат како да се почитуваат бидејќи мораат да прифатат дека тука отсекогаш живееле заедно и дека така и ќе остане.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Оваа последна година, кога конечно прифати дека започнал да живее во воено време, во време на војна, тој ја согледа и ограниченоста на својата човечка природа и на она во неа што се нарекува разумно расудување.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мора да се подготви стратегија за да се спречи понатамошната ескалација на насилството, која ќе вклучи менување на проблематичната Преамбула на Уставот, суштинска децентрализација на земјата, попис кој ќе се спроведува со меѓународна помош и предвремени избори“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Никако не можеше да прифати дека цвеќињата не го кријат селскиот двор, кој се гледаше уште од улицата – „само во недомаќинска куќа се сади трева.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Широко е прифатено дека вештината на одгледување храна мора да се сочува, дури и ако фармерите само незначително придонесуваат за светиот грал наречен национален бруто- производ.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ете, тоа беше начинот на кој ми ги беше упатила прашањата, или поточно нејзиното гледање на проблемот што најмногу ја измачуваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
" (Таша не сфаќаше или пак не сакаше да прифати дека кругот може и да се затвори но проблемот и понатаму да остане отворен).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да не прозвучи суетно но јас навистина сметав дека и во крутите околности на системот постојат прифатливи решенија за онаа личност која ќе соумее да се постави така за да може да се придвижи и надвор од правилата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не го сторив тоа ни оној ден кога свесно одбив да бидам „унапреден“ во доделувач на пофалници и на други одличија со кои ќе требаше да им ги украсувам градите на оние поединци од стадото кои ќе прифатеа дека единката нема потреба да размислува за појавите и настаните за кои Партијата има одамна веќе стокмено одговори и распишала рецепти и правила.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие едноставно не можат да прифатат дека лоши работи им се случуваат на добри луѓе, бидејќи инаку би биле како и јас - out of control!“ 6 6 Karen Finlay: I was not expected to be talented, 1970. Маргина 37 61
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ги мразам луѓето што имаат причина за сè.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Исто така, мора да се прифати дека врската со светскиот контекст е пресечена и тоа ненадоместливо и дека секоја надеж за социјален дискурс и комуникација е залудна.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
На пропаста не можете ниту да се приклучите, ниту пак да ја игнорирате; човек мора да прифати дека таа се случи во еден момент кој сега е за сите - неповратен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Всушност помислував на прекорот во кој на индиректен начин е содржан и советот дека ние сме должни да го преиспитуваме нашето однесување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не сум сигурен во врска со светлината што сега ќе ја спомнам, (мене сѐ ми се чини дека ја видов) затоа некој од моите блиски ако потврди дека чудна светлина огреала од лицето на тетка Боса Сотирова во моментот кога сфатила дека син ѝ нејзе ѝ се обраќа од темнината на ноќта, јас сум спремен да прифатам дека несомнено беше така.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па сепак, спремен сум да прифатам дека и во таквиот неоснован прекор се прикриени и значењата на некоја можна употребливост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не можам да прифатам дека само се констатира хаотичната полошба и дека е тоа комплексно и тешко прашање.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Премногу е млад, а младоста и тогаш кога ќе прифати дека човекот не е надарен да лета оваа можност сепак не ја исклучува како чувство па дури и како помисла.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, кога во мислите од воздушестата убавици од излогот се вратив во Уредот јас не бев спремен да прифатам дека моите познати со кои секој деб се среќавам наеднаш се престориле привиденија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се разбира, бев спремен да прифатам дека сето тоа што го рече за матежината и тешкотиите на изминатите години може да биде точно. Но и не мора!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)