проба (гл.) - таков (зам.)

Ѓорѓија забележа дека дури готвеа таа постојано зборуваше и како што го правеше тоа граматичките конструкции сѐ почесто и почесто ги грешеше, но тоа како воопшто да не ја сопираше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Не сум чул за такво јадење, вели Гоше Љубин, не сум пробал такво јадење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа јаде и коментира колку е фантастично јадењето, како досега не пробала такво нешто, како тој феноменално готви и како тоа е толку извонреден квалитет кај еден маж.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)