пробива (гл.) - низ (предл.)

1864 година Се зададе облакот а заедно со него и Петар. Тој се пробиваше низ маглата, спуштена над селото, која наликуваше на облак и создаваше слика дека селото е завиткано во облак, или се наоѓа во облаци како некое идилично рајско место. Место кое паднало до рајот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Никогаш така не сум трчал по угорница: зазбивано и молневито се пробивав низ калливи трапишта придржувајќи се со рацете за шибјето отстрана.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Прво па машко си вели поп Данаил Москополчанин и цврсто ја стиска под мишки книгата во која што и љубовта и татковината четиријазично се пробиваат низ светската заматеност и одважно влегуваат во историјата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Охридскиот сакеларија Стефан таму им се радува на светулките кои ги галат сновиденијата на мајчин јазик пред да се слеат во изгрејсонцата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога се пробиваш низ шума од каприци и пакости, кога те дебне дива и груба похота!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дистинкцијата, која се пробива низ Германската идеологија, помеѓу марксистичка наука и чиста философска фантазија, е извонреден пример за тврдење кое го дофаќа она што Дерида го нарекува “полно присуство кое е вон дофатот на играта “ (1978, 279).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Возот како стрела на дајл-ап се пробива низ темното, и конечно излегува на чистина.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Има некоја меланхолија во тоа да се пробиваш низ гужвата на улица Македонија слушајќи го Џони Кеш O Death, where is thy sting?, и да шеташ по неа на 1. јануари, кога на неа нема живо пиле.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Жежок пепел на згасната ѕвезда. Свежината на шумските јаготки пробива низ заболеното ткиво: да сонуваш, распаѓајќи се!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Околу него се движеше и трепереше долга поворка - нечујна, разбранета и жестока во својата притаеност; се свлекла од ѕидиштата да се врти в круг како сиво проклетство, колона во која несигурно се претчувствува нишање на румени женски колкови и студена вкочанетост на ликови готови да обвинуваат за грев, сега кога тој, гревот, надоаѓаше со навев и се пробиваше низ многуте канали на свеста.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Наскоро се пробивав низ толпа испотени луѓе.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Се мушнав и пробивав низ соби натрпани со изветвен мебел, грнци и лонци распослани по масите, засушени четки и празни платна на еден стар уметник кој заради својата мајка, воглавно, останал сам.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Нѐ удираше црн дожд, нѐ убиваше силно сонце, се пробивавме низ најстрашна снежна фортуна, не, ништо не можеше да нѐ врати од тој пат, да нѐ оддели од тој човек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Измореноста се пробиваше низ неговата кожа и пушташе непријатни мириси од време на време и секогаш кога му се чинеше дека ја гледа како се лизга оддалеку, танка, нечујна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еден од нив, аптекар во куси пиџами со многу разнобојни риги, се сети чувствувајќи дека гласот морничаво му пробива низ сета негова кожа: „Како в штала“ , па по него се сеќаваа и двајцата скарани: „Коњ! `Рзнува во број 8. Кај оној со избричено теме.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Имаше убав глас, продорен баритон, кој се пробиваше низ старата беговска куќа, ја исполнуваше со неговата надеж.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На масата лево од Винстон, малку зад неговиот грб, некој зборуваше брзо и непрекинато, остро пљампање речиси исто како гакање на пајка, кое се пробиваше низ општата врева во просторијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Делови од триумфалните фрази се пробиваа низ вревата од гласови: „Голем стратешки маневар... совршена координација... целосен распад... половина милион заробеници... комплетна деморализација... контрола над цела Африка... војната доведена на одмерлива далечина од крајот... победа... најголема победа во историјата на човештвото... победа, победа, победа!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш имаше многу магла и гласовите тешко им се пробиваа низ пасамката бели влакна, а сега нема толку магла, ама има тенки и скоро невидливи сиџимки дожд низ кои исто така тешко се пробиваат гласовите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Слабата светлина што пробиваше низ отворчето на ќумбенцето го бркаше сонот од нејзините очи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сончевите зраци се пробиваа низ високите дрвја правејќи светли завеси од утринските испарувања на влажната земја, ширејќи мирис на печурки и папрат; разнобојните лисја на дрвјата се преливаа на светлината добивајќи прекрасна патина, претсмртна боја; клукајдрвците удираа по дрвјата и огласуваа немир; немир владееше и во кучињата: напињаа на ремениците со кои ги водеа манастирските слуги, душкаа по земјата и бараа да се ослободат, да оптрчуваат; повремено ќе заквичеа но слугите ги смируваа жулкајќи ги по главите, или удирајќи ги по муцките.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Низ дворот црковен луѓето тешко се пробиваат до црквата, особено оние што зад себе влечат добиток за да го подарат; калуѓерите одат пред нив, се пробиваат низ настисканиот народ и им прават пат; пред секој што носи дар, зурлите одат напред, свират, а дарителот по нив; свртуваат по три пати околу црквата со добитокот и потоа им го предаваат на калуѓерите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И префлајќи ја војничката торба преку рамо, појде пред него нишајќи се со широките плешки како да се пробива низ сплет од гранки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Неговата сенка долга како јат претпазливо ползеше во таа мрежа, се пробиваше низ нишките на есенската магија, растеше и се губеше во чудна игра.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
II. Мислам, ова топло сонце пробива низ прозорецот во мојата празна соба – сега, токму сега еден зрак заигрува по масата, по испишаните и празни листови хартија што лежат по масата, потоа се одбива до нерасцутената роза во шарената вазничка за цвеќе, а ние оддалечени стотици, илјадници метри од тој зрак, го сеќаваме неговото скокоткање во брчките околу окото.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Го држам на калач детето и се пробивам низ подземниот тунел кон перонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакаат самостојно да се пробиваат низ животот, и во тоа речиси секогаш ги следи среќа. Друго што?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)