пробуричка (гл.) - во (предл.)

Потоа пробуричка во шупата, додека на една греда не ја најде старата раница со која стариот одеше на редовни излети со своите врсници, а на друга страна обесени на сопствените вкрстени врвки скоравените војнички цокули со очувани пенчиња ама испаднати клинци, како едниствен трофеен плен од поразената кралска војска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На прагот, или во дворот, ќе се сетеше да пробуричка во длабокиот џеб од гуната да види дали му се наоѓа по некое зрно темјан, оти и тој влегуваше во неговите „алата" без кои не можеше да сврши никаква работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)