пробуричка (гл.) - низ (предл.)

Почна да се вртка на седиштето. Најпосле стана, се отетерави несмасно преку ќелијата, пробуричка низ џебот на својата униформа и срамежливо му подаде едно извалкано парче леб на лицето-череп.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му студеше, но полека стана и во темнината пробуричка низ огништето. Засветкаа неколку жарчиња.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Овој пат низ нејзините подотворени усни тој го провре јазикот и со него ѝ пробуричка низ устата, по јазикот и по забите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дома не беа ни татко ми, ни мајка ми, па морав сама да пробуричкам низ нивните фиоки за да ја најдам адресата на Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На едно плико со марки со ликот на Ганди, на опачината пишуваше: Mr Zahoor Husain, Shop no 19, Luiza By The Sea, Cavelossim, Salcete Goa, Pin code 403731-India.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)