провира (гл.) - низ (предл.)

Населувањето, пак, на Видана Јанчески во Јасики, и сѐ што му претходеше на тоа, и сѐ што се случи потоа со него, со Видана, е долга и мачна историја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие се провираат низ пукнатините на штичките и низ растојанијата од едната до другата. ...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Реката мрзливо ползеше крај колибите. Таа непрекинато се влечеше и се провираше низ камењата, коишто одвај се белееја и ѕиркаа во темната ноќ.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Лукаво се провираше низ нозете на мостовите и режеше како гладен пес, безчувствена за светлите бакнежи на сијалиците.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Доаѓа Богдан до нивата каде што мајка му го роди и легнува на меѓата под грмушката каде што го пуштил првиот глас и го облева чувство како повторно да се раѓа; ги дише тревките и билките околу себе чувствувајќи ги како мирис на мајчино млеко; гледа во сонцето што се провира низ гранките над него и му блеска в очи како тогаш кога се роди, го слуша пеењето на птиците како да го прославуваат неговото повторно раѓање; слуша крај него кркори браздичка со вода како превртена стомна; слуша во далечина ѕвон на стада овци и добиток, милозвучен што ја разнежува душата; зеленилото му ги исполнува очите со спокојство и милина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Оди по патот крај кој е припиена и реката одејќи заедно со него како впрегнати во јарем; на некои места патот ѝ одзема на реката, а на некои места таа му одзема поткопувајќи го; дури долу во полето се одвојува од него и напојува ниви и бавчи, овошни насади и лозја, се провира низ трњари и капинари и други неплодни скрки и стрништа, спојувајќи, како божја рака, диво и питомо, плодно и неплодно, одгледувано и запуштено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој едноставно ги раширува крилјата на својот дух и лета во правецот што му го црта низ воздухот неговата желба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа се провира низ скришните патишта што ги открива без да знае како.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Има таква ноќ во која не постои збор Што може да ги одгатне сите лузни Има таква нож во која се распознаваат само `рѓосаните копја на оградата во дворот И некоја златокрила пеперутка што се провира низ нив Има таква ноќ во која ѕидиштата на собата се сосема голи И во која неочекувано до тебе како последна причесна Допира тешкото удирање на стар часовник
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Гледајќи како сонцето се провира низ мрежестите пердиња и како ги капе, со својата блага портокалова светлина, комодите што имаа боја на мед, стана видливо свесен за убавото време.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа се гледаше и од големите снегулки, кои се стрелнуваа на бледата светлина што се провираше низ подотворената врата. Добро паѓаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се точкаа во долги редици, во синџири, идеа од сите страни, се сливаа во селото како војска на боиште: ги исполнија дворовите, бавчите, куќите; се качуваа по дрвјата, по ѕидовите, влегуваа во одаите, крстосуваа низ нив, се провираа низ цеповите на вратите и прозорците и го освојуваа секое местенце и делче од просторот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Миризбите слободно шетаа и под втората и под третата плоча, се креваа од снагите или алиштата, се провираа низ сите ѕирки и проѕирки, му се пикаа на човека во нос, го замелушуваа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Денот се провира низ сите процепи на вреќите и кувертите што се разапнати по дупките на прозорците.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Зар може да има толку многу неправда и неа да ја провира низ твоето минато? Не, златна на тетка, никако!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се провиравме низ шумата надолу тркалајќи камења под нозете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но тој ќе ја дувне некаде до ќошето од дворот и, ете го, пак главата ја провира низ плотот: - Пуштете ме, ќе донесам уште една тиква за вас - нѐ моли.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мило ми е што повторно ќе можам да се качам на вовчето да трчам по прозорците додека тоа со клокот и тресок се провира низ планинските процепи или низ селата со куќи построени како стражари крај пругата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)