проговори (гл.) - во (предл.)

Но откако го заковаа капакот а пред да го спуштат мртовечкиот сандак во гробната дупка, Гого не издржа, некоја грутка му се откорна од утробата до грлото, со тупаница удри по капакот на ковчегот како да побара да му отворат, проговори во молкот: „Е бре, Нако, јунаку!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Почувствува дека зад собата ракетата се извишува над пустинското тло, со подвиените огнени крилја, со притулениот огнен здив, чекајќи да проговори во името на три милијарди луѓе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Затоа веќе да не се повикуваме на совеста на народот, туку да ја повикаме совеста на поединецот да проговори во име на одбрана на згазените граѓански слободи и загрозениот човечки живот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кај сила – нема правина! – Да се лажеме срамота е бегу – проговорија во еден глас попот и кефалијата – сто илјади аспри не само нашето село, ами цело Мариово сермија нема, не готови пари. Ами дајте мувлет?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)