продава (гл.) - во (предл.)

Пред Револуцијата, тие биле подмолно угнетувани од капиталистите, биле изгладнувани и камшикувани, жените биле присилувани да работат во рудниците за јаглен ( жените, всушност, сѐ уште работеа во рудниците за јаглен ) децата биле продавани во фабриките на шестгодишна возраст.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден овдешен граѓанин вели дека доволно е да имаш малку памет малку среќа ил само среќа и иницијатива, за да можеш да спечалиш барем толку за да се нахраниш со она парче леб и риба што се продава во кајаците кај „Галата“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На оваа изложба постои и еден предмет кој послужи како живо сведоштво за Дишановата приврзаност кон барем една личност, Марија Мартинс (1900-1973), бразилска вајарка која Дишан веројатно ја запознал недолго по доселувањето во Њујорк, во 1942.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
(8) Насловено како “Pausage fautif (1946, “Своеглавиот пејсаж”), ова дело е направено како специјален додаток на луксузната едиција на неговото “Boite-en-Valise” - портабл музеј што Дишан го проектирал во 30-тите години и почнал да го продава во раните 40-ти, како некој вид минијатурна збирка од своите најважни дела.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој, мојата половина ја продава во млин, а јас добивам пари на рака. - Убаво, чиста работа. - дофрли Саво.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И млекото, по правило, се цица од боски, но често се продава во садови за вода...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Но што се случува? Жената снемува пари и го продава во зоолошка. Тој таму е депресивен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А тоа се две години редовен секс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе собираме стари хартии и шишиња, ќе ги продаваме во Отпадот и парите ќе ѝ ги носиме на Бабата, важи?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Не во фабриката. Има работилница дома, а бонбоните ги продава во малото дуќанче на Бит-пазар, - ме исправи дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По неговата смрт дојде до смена на власта, па снимките од камерата поставена на глуждот на Ирис се продаваа во секоја трафика, како доказ за гнасотиите на претходниот режим.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Татко му на Трајчета, селанецот Тане, двапати неделно одеше во Караорман, береше дрва и ги продаваше во Струга и Охрид.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)