продаде (гл.) - карта (имн.)

Така правевме неколкупати, од младешки бес (ја исмејувавме сиромаштијата!), а луѓето зјапаа во нас; еднаш зјапаа и некои девојчиња и се кикотеа, и јас се сеќавам дека поради штосот со чевлите тие се забавуваа цела ноќ со нас, а ние ги потрошивме и последните пари; решивме да ги одведеме во кино, но таму не нѐ пуштија со по еден чевел; Земанек се расправаше, и потем ги продадовме картите и отидовме во кафеана.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јунакот на вечерашната приказна е чувар на земјата, кој во крчмата наречена „Earth” секоја вечер чува стража и продава карти. (...) Вистинското име на Musicmaster е Tom Cassidy, а заедно со David Zack и Dr. Ackerman тој е еден од основачите на асоцијацијата со име „Corespodence Art Service Foundation”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)