продаде (гл.) - прв (прид.)

Полумракот не му пречеше да ги препознае најупорните слушатели: продавачката што му го продаде првото пиво, најдобриот другар со кој се тепаше на игралиштето, девојчето што првпат го бакна, другарите – соучесници во првото пијанство и девојката што најмногу ја сакаше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На влез на трговски се продаваат првите увезени мимози.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)