продолжи (гл.) - борба (имн.)

Тоа значеше и Татко да се исправи, да се натера да ја продолжи борбата за сиџилската правда. Но беше доцна, предоцна...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се чувствуваше доволно здрав, свеж, орен за да ја продолжи борбата со сиџилите до нивното конечно спасување од заборавот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ќе ја продолжиме борбата, да паднеме побргу да ги платиме гревовите или ќе се криеме во глувчева дупка?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Аскерот ги забележа голораките дедо Колеви востаници по чуките, а сигурен дека немаат оружје, се назагнаа живи да ги излови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе се извлечка од селото, но не ги напушти згодните метеризи гробиштата, ами гледајќи дека јузбашијата ги напушти истите за да му помогне на Расимчауш, сега тој зазеде тука позиција, надевајќи се дека главната сила со војводите е тука за да ја продолжи борбата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Македонските делегати од делот на Македонија под Грција ја искажале решеноста во заедничка борба со грчкиот народ да ја продолжат борбата за демократизација на Грција и признавањето на националните права на македонскиот народ и неговото право на самоопределување.292
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Откако биле заземени градовите, Бурите ја продолжиле борбата со партизанско војување. Дури на 1.7.1902 год. Англија ги присилила Бурите да потпишат мир и како автономни републики да влезат во Британската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Му рекоа дека негова задача е да ја продолжи борбата против народниот непријател...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со поголема жестина продолжи борбата по улиците на Крушево.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во 1684 Австрија, Полска и Венецијанската Република ја формирале Светата Лига која ја продолжила борбата против Османлиите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Делегатите од тој дел ја искажале решеноста во заедничка борба со грчкиот народ да ја продолжат борбата за демократизација на земјата и за признавање на националните права на македонскиот народ и неговото право на самоопределување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На конференцијата биле присутни и претставници од британската и американската воена мисија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И таму во Ташкент продолжи борбата со душите, со духот, против себе и против сите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Поголтна и продолжи: - Утре повторно ќе мораме да се разделиме: поголемиот дел од нас ќе треба да замине и да ја продолжи борбата на друг дел ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Судбината сакаше да ја продолжи борбата против овдешните паразитски микроорганизми, спасувајќи ги луѓето од вековната маларија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)