продолжи (гл.) - работа (имн.)

Трајко отпрвин се позачуди на оваа Достина постапка, ама во својата простота си извади заклучок, дека жената е добра и радосна што ѝ даде господ „мешана киска“ и си ја продолжи работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Најпосле, тие го оставија да си ја продолжи работата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко, во текот на мисијата, согледуваше дека заклучоците од судбината на турцизмите, односно османизмите ќе му послужат да ја продолжи работата врз својот ракопис Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нивното искрено и ненаметливо пријателство, покрај верните семејства, беше еден од последните облици на среќа што им преостануваше во животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Си кажуваа уште многу утешни мисли за да ја продолжат работата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И новите пет избрани турцизми беа во функција на неговиот поширок проект, како продолжение на претходните.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дуќаните во чаришијата, колку и да биле урнувани, палени, ограбувани во текот на војните, земјотресите и пожарите, тие секогаш, изникнувале на старото место, немало сила што можела да ги сопре здружените еснафи да ја продолжат работата!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски, како млад внесен репортер во својата работа, постојано запираше и нешто бележеше во својот жолт нотес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Братучедите се погледнаа и долго се гледаа. Кога се разбраа, Србин се врати во својата замижана поза, а Шишман ја продолжи работата пред себе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Со еден збор, Чамецот за спасување спаѓа во сосема друг вид филмови од оние на Хичкок: оној вид психолошки драми, кадешто групата луѓе се наоѓа на ограничен простор и егзистенцијално заострената ситуација ги присилува да ги „откријат картите”, да го докажат својот вистински карактер, да смогнат доволно сили за спасувачката одлука или да пропаднат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Галантноста на таткото - што и покрај своето колаборантство останува џентлмен од стар ков - е секако во тоа што во моментот кога ќе го чуе автомобилот со којшто ќерка му се враќа дома, и со тоа ќе го открие блефот на јунакот, не се разлутува, туку мирно си ја продолжува работата, и му кажува дека „му ги прочитал картите” во самиот облик на признанието.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Првин бил ископан трап длабок над три метра, а потоа продолжиле работите врз копањето на каналот, т.е. хоризонтално.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој ги запознал своите пријатели за добиените пари од Сарафов и од Гоце Делчев (Т.Органџиев тврди дека Орце примил 5.000 лева од Гоце Делчев) и за можностите веднаш да ја продолжат работата за минирање на филијалата на Отоманската банка во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)