продолжи (гл.) - негов (прид.)

Игуменот им кажа дека манастирот го изградил свети Наум околу деветстотата година, дека бил светилник на словенската писменост и култура; дека по неговата смрт, дејноста ја продолжиле неговите ученици.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И во фаталната 1997 г., продолжи неговото преведување на мојата балканска сага по успешното објавување од страна на Фајар на првата книга Времето на козите, која доживеа несомнен успех кај француската книжевна критика и рублика, за што веќе ви пишував, но не е исклучено повторно да ви пишувам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Својата книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите ,ја пишуваше Татко со својот живот, до неговите последни дни, како дел од својата постојана стратегија во својот живот - како да се спаси семејството, децата, во меандрите на непредвидливата балканска историја, како еден вид отворен аманет како и каде да се продолжи неговата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој живееше со својата можна легенда, како ретко кој друг владетел во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И затоа продолжи неговиот рефрен во Римскиот сенат со уште поголема жестина Картагина сепак мора да биде урната!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакаше да остане жив и по смртта, да продолжи неговиот култ на владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сметаше дека само неговиот ученик и наследник, Цветан Горски, беше достоен да го продолжи неговото дело.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко, нестрпливо очекуваше да види во кој правец ќе продолжи неговата мисла: - Не е најлошото во историјата несреќата, катастрофата, туку грешката, големата грешка рамна на глупост, која води до катастрофи, до несреќи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го подготвуваше со сите сили да ја продолжи неговата мисија, да ја прошири и кај новите генерации.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Колку се надеваше, кутриот, дека ти ќе го продолжиш неговото останување! – прифати тивко Мајка. – И тој, да беше жив, сигурно ќе го одобреше нашето заминување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)