произведе (гл.) - во (предл.)

Историја: за првпат е произведен во Соединетите Држави од Parke- Davis како анестетик за повредените трупи на бојните полиња и за итни хирушки интервенции.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Се произведуваат во големи количества од 1903, а станаа широко популарни за рекреативна употреба во шеесетите години; денес се потиснати од други, многу помоќни дроги.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
МДМА е произведен во Германија каде за прв пат е откриен неговиот потенцијал како средство за слабеење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Обично се произведуваат во добро сокриени лаборатории и тоа најчесто од аматери.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Некои од нив се занимаваат едноставно со планирање на логистиката за идните војни; други изумуваат сѐ поголеми и поголеми ракетни бомби, сѐ помоќни и помоќни експлозиви и сѐ понепробојна оплата за блиндираните возила; други бараат нови, сѐ посмртоносни гасови или порастворливи отрови, што ќе можат да се произведат во доволно големи количества за да се уништи вегетацијата на цели континенти, или сорти на вируси што ќе предизвикуваат болести, а ќе бидат имуни на сите можни антитела; трети се трудат да произведат возило што ќе си го пробива патот под земјата, како подморницата под водата, или авион што ќе биде исто толку независен од својата база, колку што е бродот на едра; четврти ги истражуваат дури и подалечните можности, како што е фокусирањето на сончевите зраци преку леќи што ќе бидат поставени илјадници километри далеку во вселената, или предизвикувањето на земјотреси и бришечки бранови преку заробување на топлината од земјаното јадро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Денес колонска вода се произведува во модерни фабрички простории, но постои едно правило: рецептот за производството да се чува во специјален сеф како тајна која може да ја дознае само наследникот на Фабрикантот и никој друг.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имено, познато е дека во 1915. Duchamp со псевдонимот R. Mutt сигнираше една клозетска школка - типичен продукт на индустријата на санитарни уреди, произведена во фирмата Mutt.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Боб: (на Жан) Знаеш зошто те слушавме? Од мрзливост. Кој те произведе во газда?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Така филмската уметничка пракса се претвара во религиозна соборност а филмското уметничко дело произведено во таа соборност - игра, инкарнација на чиста платонска љубов помеѓу протагонистите.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Автомобил произведен во Застава Крагуевац, со 70 посто италјански делови. Моторот е исто така италјански.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Моделот беше произведен во 1978 година и со него немав никакви проблеми.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Имало, значи, полно факти што го натерале Стег да ја даде следнава необична оценка за солунската полиција: “Слепилото на полицијата, којашто дозволила такви значајни работи да се изведуват во најнепосредна близина на Банката, толку голема количина динамит да се внесе или произведе во Солун и непознати сомнителни лица да одат и доаѓаат без да бидат забележани од нејзините агенти, овде изгледа толку необично што, според мислењето на голем број луѓе, тоа не може на друг начин да се разбере, освен со тоа: можеби е дадена директива таа (полицијата) да ги затвора очите додека револуционерите не се осмелат да преземат акција од таков карактер којашто на властите би им дала можност да ги оправдаат најстрогите репресалии“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И кога повторно го крена семејството на нозе, неговите синови пораснати, и можеби моќни како тој во младоста во Цариград, му понудија со малиот фиат 750, купен со заеднички средства, произведен во Југославија, според италијанска лиценца, да го одведат во Турција, тој со блага насмевка која освојуваше, само им рече: Синови мои, зар да се вратам како ритач во градот кај што можев да бидам господар!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Какви различности постојат меѓу нас, какви чувства се раѓаат и умираат во нас и какви се атоми на живот можеме да произведеме во нас во позитивна и ли негативна смисла.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И дека еден ден тоа ќе служи за разонода На широките народни маси Евентуално и како рекламна порака На некаков вињак произведен во Загреб Знаеше не дека не знаеше Цезар и за Брут Ама напати не сакаше да знае дека знае А тоа несакање си има цена Секое сакање и несакање си има цена И од тоа може да се направи еден огромен ценовник На империјалните сакања и несакања Може да се направи и цела историја На зголемувањето на цените на главите на императорите Од Цезар до денешни дни
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Јавните простори често започнуваат како претставувања на простор (плоштадот, паркот се материјализирани проекции на просторните визии на просторните планери, научници и социјални инженери), но преку нивното користење луѓето ги апроприраат, општествено ги произведуваат во простор за претставување (т.е. 87 Henri Lefebvre, The Production of Space (Oxford: Blackwell, 1991), 39. 76 симболички простори директно искусени преку слики и симболи).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тука би било корисно да се спомене дистинкцијата на Анри Лефевр од „Производство на просторот“87 помеѓу простор за претставување (апроприран, простор на живеење, искористен простор), просторни практики (секојдневни активности на повторно освојување и населување на просторот, детерминирање на неговите сегменти и територијализација на потребите и желбите во рамките на тој простор) и претставувања на просторот (планиран, контролиран, уреден простор) „што пасивно се доживува“ од страна на корисниците.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)