проповеда (гл.) - во (предл.)

Тогаш, две години пред раѓањето на српскиот социјал-утопист Пелагиќ и две години по смртта на францускиот социјал-утопист Фурие, припадникот на движењето Млада Германија, Гуцков, проповеда во својата литература еманципација на жената напаѓајќи го црковниот брак; во Македонија, негде во Леринско, потурчени се сосила три девојки, четвртата е силувана и оставена на пченкарна нива со пресечено грло, и убиен е негде во Скопје поетот мечтател Селџик-бег, Турчин и заштитник на православната сиромаштија; мртов не ќе го види уништувањето на шумите на тој народец кога во Европа почнува засиленото садење на борови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден ден (свети Ксавиер беше отиден да проповеда во внатрешноста) тука помина трговец со добиток, терајќи пред себе една жолта крава.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во таа година Балзак објавува една од своите сто и повеќе книги (Чичко Горио), и со заслуга на Василиј Априлов во Габрово е отворено првото бугарско народно училиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со оглед на силните плуралистички, ако не и анархистички, елементи на Деридините учења, може да се чини одвишно да се тврди дека тој исто така е еден универзалист.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој исто така има една мисија - создавање на подобра иднина ослободена од логоцентричката изнемоштеност - и тој исто така проповеда во нејзино име.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Наместо логоцентрично мислење и пишување тој ни нуди примери за деконструктивистички модуси на овие активности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Трговецот со добиток гордо покажа на градите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)