проструи (гл.) - во (предл.)

Во очите на Карер, Беренц не забележа страв, повеќе загриженост и уште нешто.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На Арсо му олесна - мирен умор и задоволство проструи во неговото тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нешто млако и угодливо проструи во држењето на Патрокле.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Знаеш, пријателе, и Толстој пред да започне да пишува секое утро, испивал по чашка коњак, неоти крвта ќе струи побрзо во дамарите отколку што одредила староста, ама нешто мигновно побрзо ќе проструи во умот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да видиме дали така ќе биде и со нас?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чудно смирување ненадејно проструи во душата на Лука Карер.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За миг, само за миг, прострујува во него неопределено плашење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)