протина (гл.) - помеѓу (предл.)

Се протина помеѓу авлиите, од горна страна, на Јанчевци Крстевци и, од долна, на Јанчевци Николовци па одејќи само покрај источниот ѕид на имотот, односно само по подножјата на Зедница, кај Бел Камен ја напушта населбата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа и се прашувам Кому му припаѓам додека мојата проѕирна сенка истекува со минливоста Ја гледам како се протина помеѓу камењата Како да ми ги бара нозете Колку долго Ќе постои кога ќе се ослободи од нив?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)