прошепоти (гл.) - дека (сврз.)

Некои прошепотија дека ќе нѐ фрлат во морето...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред да влезе во Академијата во Фиренца една селанка намирисана од медитеранот се фали дека смоквите годинава дале богат род, а кога излезе од Академијата прошепоти дека работата не била во смоквите туку во лисјата и дека тие наеднаш исушиле и суви се изрониле баш кога Микенанѓело му го заоблувал левото маде на Давид.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Од толку брмчење не се разбра баш најјасно дека секој Давид нема прачка, а и никому не му текна да се праша дали оној Голијат се струполил од каменот од прачката или можеби од погледот на Давид што изгледа поверојатно и пологично.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)