прска (гл.) - и (сврз.)

Рабовите на мојата животна гуња прскаа и јас барав пат да се извлечам од тој задушен правоаголник во кој единствена знаменитост беа петте беспризорни пасторчиња на маштеата судбина и тројцата распеани студенти, од кои еден веќе се сомневаше во животот, во луѓето, во себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Играв со момчињата во песокот на плажата, со кофички правевме дворци и тврдини од песок, а кога ќе станеше премногу топло тие трите момиња и јас трчавме во водата, се прскавме и врискавме од радост.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Не пиштеа сирени и не татнеше небото и сепак - очите на тие наоколу беа ширум отворени, црнките во нив ѕвездесто прскаа и се топеа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А крв прскај и тој лелекај и само скокај, ко петел без глава. Душа лесно не излегува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Летното сонце уште печеше така што плажите беа прекриени со капачи кои гласно и весело вреваа, прскаа и се плискаа во водата или се сончаа мрзоволно испоналегнати по песочниот брег.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)