пукне (гл.) - ѓавол (имн.)

- Треба да го пукнеш ѓаволот, вели Уља, треба да го излажеш дека не ти е жал за децата, да го нападиш од дома. Во туѓо село да го нападиш, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нека пукнат ѓаволите и боговите, јас ќе ги надмудрам.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
— He пуштаме, — одговараа грчките, некако по три дена пукна ѓавол, се разбраа некако по три дена, и пуштија една српска чета од четирите, а другите се вратија назад за Кавадарци.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пукна ѓаволот, — си рече Бисера и го фати под мишка, го заведе дома, му даде столче, го кладе ѓезвето за кафе и седнаа да се разговараат како родители и чедо по две три години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Божем со нова невеста, ама, галиба, и старата отиде. Нели пукна ѓавол еве ти ги и двете!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)