пушта (гл.) - во (предл.)

Кога ќе се апстрахира реалниот и конкретен свет, кога ќе се издели тој во празни шеми на логичките категории, и кога овие ќе се пуштаат во еден особен, од Хегел воспоставен логички ред, тогаш навистина развитокот на светот изгледа како развиток на „апсолутниот дух“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Ги дочека да го испијат кафето, ги собра филџаните и излезе, а Даме му нареди на Ѓорѓија да постави еден од десетарите на вратата и никого да не пушта во одајата без негово одобрение.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој стана од местото и дојде кај Дамета, та го отвори собранието, поздравувајќи ги присутните делегати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секој актуален чинител се опкружува со кругови од секогаш нови виртуалности, каде што секој пушта во оптек некој друг, а сите заедно го опкружуваат и реагираат на актуалното („во средиштето на облакот на виртуално сѐ уште е виртуалното од повисок ред... секоја виртуална партикула се опкружува со сопствен виртуален космос и од своја страна секоја го прави тоа до бескрај“).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Со забелувањето на утрото, брз како невестулка, се пушта во подземјето и таму неколку часови, не знаејќи за мера, паѓа во полна исцрпеност на своите сили.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се вкочануваше, стануваше дрво: неговите корења жилаво се пуштаа во млаката земја, цицаа некој опасен отров, го умртвуваа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
‌„Каква шупа!“, така, е крунски пример на практиката што се стремам да ја проучам, пример што го драматизира начинот на кој геј-мажите селективно присвојувале, прекодирале и одново пуштале во оптек одредени делови, честопати многу нејасни делови, од главнотековната култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Знаел дека го слушаат - сега е тој најмудриот, во него, заедно со желбата и самиот да е голем, расне самочувство што нема граница на траење: жолтицата пушта во луѓето жилички, им го копа дробот, пие крв, лока и сплинка и пуздра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црниот Пандил матно објаснил дека има жолтици што одат од човек на човек како летна, онаа упорна и добиточна мува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во обредниот тек првосвештеникот неколкупати ги исповеда гревовите: најнапред за себе и за своето семејство со рацете положени на главата на едногодишен јунец кој подоцна ќе биде заколен како жртва кон Бога, потоа ги исповеда гревовите свои и на своите свештеници сторени кон светилиштето, Храмот над сите храмови, за што рацете ги положува на главата од јарец кој подоцна исто така го колат како крвна жртва кон Бога и на крајот ги исповеда гревовите на сиот народ со рацете на главата на уште еден јарец, кој натоварен со нив и наменет на злодухот Азазел, се пушта во пустината.  Потем пред очите му игра борбата на свештеникот Мататија и неговите синови, а посебно еден меѓу нив, Јуда Макаби и неговата победа над носителите на грчката духовна окупација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Повеќето од куќите не ги лснуваа своите ноќни очи, а и тие што трепкаа до кај полноќта се случуваше со денови само црниот здив од оџаците да го пуштаат во белата плева на небото.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мухамед ќе го побара во своите ќитапи ќе види дека таков Турчин нема родено на земјата, та ќе го напади; не го пушта во неговиот рај.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)