пушти (гл.) - го (зам.)

Јас, учителе напишав... Не е Јоле... Пуштете го. - Ти? - се накостреши учителот. - Да.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Да те нема! Поткини си ја шијата! - му се развика Коле. - Пушти го, - реков.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пушти го човеку нека расте, нека се радува, нека живее...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
КОТЕ: Така мори, Митрејце, пушти го срцето за да ја пушти и господ полна раката во оваа куќа.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Туку, ти вака направи: растовари ги куферите долу, пред порта, и пушти го Јанкула нека си се врати, а ти после тропни.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во истиот миг Милан потскокна зад леглата на пејачите, од каде што дојде крикот, и Кети го слушна како се дере, „Пушти го тоа, Тито! Пушти го!“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во три пушти го.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Носот, пушти го моливот, да личи на него.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А кога стигнавме таму, со колена трештени од страв, со колена што штракаа, пред клучалницата грозна од одајата со умножението на отровниот запис, тој рече: „Отвори го ковчежето и пушти го сподобието отровно во одајата отровна“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Пушти го, Велко чедо, штркот, пушти го - му рекла Неда - оти је греота, зер и тој, завали, јет некој вдоец, ја вдојца, како мене што сум без татка ти, еве ќе стори близу две години како поштукот му го немат.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Да што бил црн, пусти к'смет мој, да останам уште млада вдојца!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Аман, брате овчарко, пушти го побрго стапо да излезам, да ќе видиш какво добро ќе ти сторам, што никој до денеска не ти сторил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едно го видела овчаро, и почнала да му се моли со солзи на очите: - Аман, брате овчарко, пушти го стапот да се ватам за да излезам, оти ќе изгорам во огнов.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Пушти го ти татка ти! - Како што старееше Светлана имаше сѐ поголема храброст да му противречи на Никодин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пушти го нека поспие, сигурно е уморен од патот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Пушти го, жено! Тој е свој човек и немој ти да му го солиш паметот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пушти го на едукација! Знаењето е сила, знаењето е ќеиф!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се стрча до надвор и набргу се врати со едно издупено тенџере и го покажа на другарка ми: „Еве, и квалитетот да го видиш, а и големината. Не е од најголемите, а и без капак е, ако баш сакаш да знаеш, А можеш и да провериш, ете, пушти го видеото да видиш колку играа со него пред куќа кога дојдоа како поворка за на гробишта... не дај Боже!“ ...
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Ајде, бре, пушти го срцето, вели Витомир, што си го закопчал толку?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Потерајте ги двоколките кон онаа рамнина и пуштете го добитокот. Ќе се најде нешто сено.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Господ казнува, господ простува, ги собрал веѓите над очи човекот што им ги кажувал законите на селото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Плашлива закана: „Пуштете го. Не сте судии.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа рев: „До кога ќе го слушаме?“ Пак рев: „Побрзајте, клековци, со таа бесилка.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Оди си, момче. Не лути ме. - Пушти го Белча.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Чичко... - Што е? - Пушти го Белча. Човекот пак само очите ги врти кон него; лицето му е спокојно, светечки благо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Чичко, пушти го. Кучето е мое, моли детето зад него.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нас сите нѐ тепаат, а ние, овој не го осудувај на смрт, несвесно поткажал, оној пушти го, има деца.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
15. - Ати Мати, пушти го гласот - кажи ми сега колку е часот? - Еден чекор напред.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- Ати Мати, пушти го гласот - кажи ми сега колку е часот? - Еден чекор назад.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- Ати Мати, пушти го гласот - кажи ми сега колку е часот? - Два чекора напред.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- Ати Мати, пушти го гласот - кажи ми сега колку е часот?
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- Ати Мати, пушти го гласот - кажи ми сега колку е часот? - Три чекори назад.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Олабави. Пушти го зборот, зашто… ќе ти тежи повеќе отколку мене чевлите во раце кога се враќам боса.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Кога син му на мудрецот ќе почнеше да ме мава, татко му ќе му речеше: „Пушти го, нека се изнаспие.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пушти го Ханс,“ рече жената доближувајќи се кон нив. „Пушти го. Тој е пијан.“ „Он етна свиња.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
– „Пушти го, Велко чедо, штркот, пушти го, му рекла Неда, оти е гревота, зер и тој, завали, е некој вдовец ја вдовица како мене што сум без татка ти, еве ќе стори близу две години како поштукот му го нема.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
„Веднаш помислив дека тој не е тоа што сака да се прикаже; а и сè она другото што го рече, не беше стокмено според познатото правило: најнапред дотерај го зборот а потоа пушти го да шета.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Пушти го и не терај инает. Кузе си е Кузе. И без да дигнеш рака на него, тој ќе каже.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Ајде, жити леб, пушти го детето,- му вели мајка ми на татко ми.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Рече тивко, помрднувајќи ги усните: - Добро, нека се плати штетата... Пушти го...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
АРСО: Море, Теодосе, пушти го малку срцето!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Јас ли сум за веселба! Јас сум за жалење и плачење! (Се удира очајнички со тупаници по главата.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Македонецот ти е таков: фати го за гуша и газ дава, пушти го — газ бара...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)