пушти (гл.) - солза (имн.)

”, и дури тогаш ги пушти солзите да му протечат, како разбиени води под воденичен камен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Се плашам да ги отворам очите, зошто не ќе те видам, Се плашам да пуштам солза, зошто потоа не ќе ја сопрам, Кревка од болка се виткам пред ветрот во денот, Се плашам ќе ме скрши и снема.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Мајката Перса, стаписана и стегната како во менгеме, исто не можеше да пушти солзи, туку само ги рашири рацете и Пелагија ѝ влета во мајчинската прегратка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)