пушти (гл.) - цвет (имн.)

Смрдливите постелчиња расцутеа, пустиот двор, црното дрво пушти цвет, имаше бел, имаше црвен, имаше син, имаше виолетов, имаше жолт, златест цвет. Крвав.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Едно утро Белото јоргованче рече: - Веќе е пролет. Ќе ги пуштам цветовите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)