пушти (гл.) - слободно (прил.)

-Токму така. Луѓето треба да се подготвени да им дозволат на поимливите појави да минуваат низ нив, да ги пуштат слободно да се движат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Од пред извесно време отец Иларион не му го ставаше веќе штекелот на нозете, го ослободи и од келијата и го пушти слободно да шета.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Насобраните жени и дечиња пред влезот на просторијата каде што ја поминаа ноќта се растргнаа наназад од таму од каде што излегле, талпата со помошта повеќе на силните раце на Чана си го најде патот до крајот на басамаците на првото свртување за до горниот кат, а потоа ја пуштија слободно да падне на работ од горната плоча.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)