пцуе (гл.) - и (сврз.)

Пцујат и жени и мажи, а јас само си клавам в срце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наместо да ни дадат леб, нѐ бркаа со стапови, нѐ пцуеја и колнеа, ни ги пуштаа кучињата...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нејсе уште понајнакрај и кого ќе пцујат и против кого ќе се бунтуваат Сите оние кои сркнале од американската мирудија во секоја чорба И го виделе аирот од извозот на слобода и демократија Макар што нивните татковци сѐ уште ги паметат Трумановите јајца во прав А прав и пепел им се стори слободата сосе животниот стандард А децата им се познати по тоа што во својство на стечајни работници
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Потоа се враќаат намуртени, налутени и пцујат и се караат, велејќи кој чини, а кој не чини.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се случувало каменот да напукне. Тогаш мајсторот можел да пцуе и да се откажува од светецот имењак. Сеедно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Грешката и лошата среќа се плаќале со неколкудневен труд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)