работи (гл.) - нејзин (прид.)

Во непосредна близина, долу на патот, на нецели петнаесет минути пешачење, на Јужниот булевар и автопатот Еурека, се наоѓаше гипсено малтерисаната бензинска станица, со светликави црвени пумпи, каде што работеше нејзиниот братучед Боб.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Потоа, двете возеа велосипеди, па дури и заедно со неа се зачлени во јавачкиот клуб.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ја дотеруваше со саати, си играше со неа, ја учеше песнички и приказни, внимателно ѝ ги подготвуваше оброците за во нив да има доволно овошје и зеленчук, ја носеше на училиште и заедно со неа ги работеше нејзините домашни задачи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)