работи (гл.) - бадијала (прил.)

Кога Мајка влезе во Татковата библиотека со подавалникот со кафе и со студена вода, слушна како Климент Камилски му вели на Татко: - Пријателе мој, доволно работевме бадијала...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Што ли ќе биде сега ова, си помисли загрижено, кога Камилски задоволно рече: Пријатели, доста работевме бадијала!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- За твојата суфлерска помош, да ѝ се мочам. - Мочал, не мочал. Не работам бадијала.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)