работи (гл.) - заедно (прил.)

Ги продолжија, Татко и Камилски, како и во претходните времиња кога работеа заедно, старите расправии на бојното поле на двата различни јазика.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Поради сите тие причини, а најглавно затоа што Македонците за своето ослободување од грчкиот патрик и од Турција до последната руско-турска војна работеа заедно со Бугарите под името Бугари, а местата за таа борба беа околу Бугарија, т.е. во Стамбул, Влашко, Југозападна Русија и Србија, кои (места) помагаа во ослободителната работа најмногу да бидат застапени Бугарите, – помогнаа да се објави источното бугарско наречје за литературен јазик на Бугарите и Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако беше Бугарија со Тракија слободна, а Србија заедно со Македонија поживееше 50 години при едни исти услови, тогаш Македонците ќе работеа заедно со Србите, а не со Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега членовите од Тројниот сојуз имаат одделни спогодби по меѓународните прашања, работат заедно по нив и ги парализираат сите каприци на малите држави, кои со тие каприци сакаат да ја изменат политичката рамнотежа во нивна полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во османското време се живеело и работело заедно, во исто време, така што во заедничкиот живот на муслиманите и христијаните се развивале заеднички изразни културни форми, кои се изразувале и во употребата на заедничките зборови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако потсетија дека за утредента претстои разгледување на судбината на зборот кодош во балканските јазици, тие првпат откако работеа заедно излегуваа во градот среде бел ден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко можеше да покаже спремност за предлогот на Камилски да работат заедно врз регистар на главните идеи на османските идеи на Балканот коишто произлегуваат од сиџилите, како прилог на балканските историски идеи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Терапевтот дури и нема потреба да знае нешто друго освен како да води разговор, слично на разговорот што тој или таа може да го води во ресторан.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како и да е, ако го читаме насловот да значи дека терапијата може да биде согледана и опишана како разговор, тогаш треба да погледнеме како овој специјален вид на разговор ги исполнува терапевтските цели и како оваа гледна точка ни помага нам и на нашите клиенти да работиме заедно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Лена се реши да продолжи со психотерапијата и на крај работеше заедно со сопругот во плодна терапија за двојки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како уметник Арчимболди првпат се споменува во врска со сликите врз стакло во Катедралата во Милано (1549) на кои работел заедно со својот татко Биаго. 1562-та триесет и петгодишниот Арчимболди му служи на царот Фердинанд I.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Особено силни беа молбите за време на работните часови, кога докторите работеа заедно со нас – ткаеја, или плетеа, или изработуваа дрвени предмети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш низ просторијата како во хор се разлеваа гласовите кои молеа да заминат од Гнездо: меѓу ѕидовите одекнуваше композиција за човечки гласови со молби, со жалби, со уверувања; се мешаа десетици гласови во таа композиција во која се испреплетуваа различни ритми, тоналитети, брзини, а помеѓу разговетните зборови одекнуваа и нејасни мрморења и врисоци, и чудесни звуци од штракањето на забите, од брмчењето со усните, од повторувањето еден глас, од имитирањето на звуци какви што можат само во некаков сон или некаков кошмар да бидат чуени, па некаде отаде зборовите се чувствуваше судбината на оние кои зборуваа, кои офнуваа, кои брмчеа, кои штракаа, кои мрмореа и врескаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ги знам сите букви. Ќе ги читам насловите“ „Добро“, се согласи Теми, „ние девојчињата ќе работиме заедно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Откога му го кажав името на татко ми многу се израдува. Рече дека се познавале со татета и дека работеле заедно во Белград.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Илко стави тутун во лулата, го изгмечи убаво со палецот, запали и продолжи: - Во Милано се запознав со еден нашинец од овие краишта; работевме заедно ѕидарски работи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)