работи (гл.) - неуморен (прил.)

Томето работеше неуморно: вадеше мерки, кроеше, коригираше грешки, ги облекуваше манекенките од кои некои беа од Србија, а повеќето од Македонија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Меѓу редовните гости на јахтата „Зора“ беше и украинскиот бизнисмен Виктор Каваленко кој веќе пет години успешно работеше со синџир од фирми во Гостивар, Струга и Охрид.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Моторот работеше неуморно, а Зоки ни да се помрдне – сѐ на истото место си седи, гледа што станува и молчи, глас не пушта од себе!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Рака на срце, жените работеа неуморно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)