радува (гл.) - срце (имн.)

Но Веле, како да не ги чу последните зборови на велгоштанецот, со занес рече: - Сè што излегува од твојата рака, сѐ што си сработил со неа го радува срцето, како што детето ја радува мајката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се радува срце на пролетна песна, ја отфрла гордоста своја, покорно главата ја сведнува.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)