разбере (гл.) - алузија (имн.)

- Да не си случајно... - уште не ја ни доврши мислата, Томо сосема јасно ја разбра алузијата на Славица.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Камилски ја разбра алузијата преку оваа француска изрека од една фарса (од времето на Рабле), дека треба да се вратат на приоритетната работа, се насмеа и во весел тон продолжи: Во право си, пријателе, зборови многу, а време малку!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој ја разбра алузијата: - Сите тие албански преродбеници, писатели, кои попаднале под декадентните западни шеми на образованието, во нашата земја каде што владее доктрината на социјалистичкиот реализам мораат да бидат подведени на строга ревизија, посебно во однос на нивните ставови кон религијата!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секој збор има своја историја, своја судбина...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)