разбира (гл.) - ги (зам.)

Молчешкум ги слушав не разбирајќи ги докрај тие бескрајни разговори за ликовите од албумите, кои бликнуваа во собата исполнета со чад, напати низ радосните, ведри тонови и живите раскажувачки надвикувања, понекогаш скриени во нечујните шепотливи коментари и придушениот кикот или тргнати од ненадејната гласна смеа на присутните, а потоа, другпат, лебдејќи во дневната соба, во успорените кажувања полни со паузи, со завладеани тишини и говори со стегнато грло.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Да, да - рече тој разбирајќи ги нашите погледи, нашите срца, и, проклет да бидам, сосема нежно, внимателно, со тресливи раце му го подаде дрвцето на Кејтеновиот син.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)