разбира (гл.) - сѐ (зам.)

- Ти, Бојанчо, разбираш сѐ - ја врза дедо Иван нишката на своето прекинато кажување за гората. Затоа и ти зборувам, знаеш да слушаш.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој молчеше, со свртен поглед настрана, со извесна стеснетост дека можеби не разбира сѐ што зборувам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)