разбуди (гл.) - ја (зам.)

Слушнав како ѝ рекоа на мајка ми: „Мајко разбуди ја Ласа да ја видиме, оти којзнае дали уште еднаш ќе ни се пружи прилика да дојдеме во селото, бидејќи сега ќе нѐ испратат на Грамос или Вичо, па може ќе загинеме...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ме затвораа во кафези, ме јадеа ѕверови, бегав од вештерки и кога се разбудив ја сетив топлата нежна рака на татко ми врз моето лице и неговиот загрижен глас што ме викаше по име.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Можеби поттикнат од овој впечатлив сон кога се разбуди ја истресе од себе правта на ноќта и истрча на терасата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Разбуди ја љубовта, заспана, неизречена...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Разбудете ја како знаете! – им пискаше мајката на гинеколозите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)