разбуди (гл.) - друг (прид.)

Со истата одлука се разбуди другиот ден, како и во деновите што се заредија полни со студениот здив на ветриштата што почнаа да ја подготвуваат земјата за зимата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Мајка ѝ скоро шепотеше. Гледаше да не ги разбуди другите ќерки.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И потоа лежевме така во мракот, молчејќи во тишината, а кога ќе го слушневме првиот шум или првиот крик, одново ги затворавме очите, и се обидувавме да заспиеме. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше наш договор едната да ја разбуди другата кога ќе фати миг на тишина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)