развива (гл.) - во (предл.)

Овој површен поглед врз историјата на Македонија ми се чини не само што покажува дека ние Македонците си имаме своја историја и дека сме народ чии судбини се развивале во врска со судбините на другите соседни нам народи, но и дека има во нашата историја многу самобитно и своеобразно, како што е, да речеме, самостојната Охридска архиепископија со нејзиното работење полето на народното просветување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се прашува: ќе дозволи ли и може ли да дозволи Србија во тетовскиот говор да се развиваат наместо македонските и српските-бугарски особини, а заедно со јазикот да се развиваат во Тетовско наместо македонски и српски-бугарските интереси?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но Камилски не мислеше да ја шири оваа дебата, сакајќи и тој, како Татко, на крајот да ја завршат својата мисија, да ги опфатат и другите планирани и замислени ориентализми, се разбира, оставајќи простор, на некој посебен кој би го оправдал заедничкото внимание!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Занаетите процветале за време на Османското Царство и тие биле еден вид замена за индустријата која се развивала во западните земји.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Турскиот јазик со кој денес се служи населението во Турција (околу 60 милиони жители), помали групи од турско потекло на Балканот (во Бугарија, Македонија, Косово, Грција, Романија), како и неколку милиони во емиграција, започнал да се развива во Анадолија кон крајот на XI, уште од времето на освојувањето на полуостровот од страна на турските племиња дојдени од централна Азија под команда на Селџуците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Занаетите продолжиле и по многу години откако Османлиите го напуштиле Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кај некои од нив тоа што беше останало од детството, и се развиваше во посилно битие од другото, накалеменото, успеваше да се помести во минатото и да ја објави битката на спасот. Битката на пробудениот јаничар.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Отстранете ја кралицата од нејзината местоположба и веднаш, хормонската нерамнотежа, предизвикана од нејзиното отсуство, ќе резултира со промена во хранењето на ларвите што се развиваат во кралици. (1987, стр. 186).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Всушност, за невротичниот пациент постои опасност таму каде што нема опасност за оној што својата сексуалност ја развива во граници на објектните релации.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во таа смисла уметноста која би се развивала во сајбер просторот, то ест во виртуелната реалност, би се соочила со истите оние проблеми со кои се соочуваше и уметноста на пештерскиот човек и уметноста на сите генерации по него заклучно со нашата генерација, а тоа е идејниот контекст, стилскиот и амбиентален дизајн, референцијалната потенција, интерактивната стратегија итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Плодовите на земјата таа секогаш ги сфаќаше само како подароци од земјата и ги јадеше без да размислува како тие настанале, ги прифаќаше како што ја прифаќаше и чашата со вода што ја пиеше, сѐ додека не ги виде нештата во овие бавчи како од семе се развиваат во цвет а потоа во плод.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Видете!... Ова општество или општествата што го сочинуваат светот,како сакате, ние се развиваме во повеќе правци.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Драмите на Набоков ги развиваат во сценска форма за него вообичаените, нему драги идеи и не се можни кај ниеден друг писател.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Овој концепт почнува да се развива во Амстердам (20 000 корисници), во САД и во Канада.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Значи да повторам, без некое чувство на вина: јас во повеќе куси мигови имам дружено со привидите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност ме водеше помислата дека треба да го развиваме во нас она чувство кое ќе ни овозможи да ја уриваме оградата од грдите правила и рецепти, но притоа да не дозволиме да нѐ раководи желбата за напуштањето на оградениот простор туку со нашето однесување да овозможиме тој простор да се проширува и облагородува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Порано се викаше Домоздрова и како гратче почна да се развива во педесеттите години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога часовите се одржуваа во градината, честопати ја забележувавме Сара, ќерката на доктор Ауербах, како нѐ гледа низ прозорецот од својата соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму во градината, кога времето го дозволуваше тоа, или пак, кога студеше, во куќата, Фридрих Рихтер нѐ учеше како точката се развива во движење и линија, како линијата се шири во површина, како површината се претвора во простор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашите уленици се развиваат во активни субјекти! Каков интерес за проблемот на Дрисла!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во Африка некои племиња полово се развиваат во единаесеттата година, но затоа векот им е околу четириесет години.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На тој начин тие стекнуваат подобро разбирање на она што сложеноста е, зошто таа природно се појавува и зошто живите системи се развиваат во насока на границата меѓу редот и нередот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)