развива (гл.) - и (сврз.)

По овие зборови Веле го повиши гласот: - Сега сакам да знам дали е во мене грешката или во вас, старите мајстори, во вашиот табиет, да не сакате да дадете и на друг да се развива и да оди напред...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На овој универзитет Хегел ја започнал својата филозофска дејност, во почетокот под големо Шелингово влијание, но набргу сосема се осамостојува и со текот на годините го развива и го употполнува својот филозофски систем.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Беше, значи, голема заслуга на Хегел што ги откри тие закони, со помошта на кои може да се знае „како, во кои услови и на кој начин две спротивни ствари стануваат идентични, се развиваат и меѓусебно се обусловуваат“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Или пак дека како дете бил фасциниран од идеите во физиката и математиката; во средно школо и на факултет ги следел своите научнички и лингвистички интереси и му се развиваат и уметнички амбиции; ја открива својата длабока љубов кон многу композитори, особено кон Бах и Шопен.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ставот на уметничката група WochenKlausur е дека не постои подобар начин да се искористи способноста на уметниците за смислување креативни решенија отколку истата да се употреби за трансформирање на општеството: „насекаде има проблеми кои што не можат да се решат со користење на конвенционални пристапи па на тој начин тие се соодветни предмети за уметнички проекти“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Честопати ги пасев воловите и наидував на ливади со разни цвеќиња, секакви бои имаше, ќе се занесев во нив, ќе гледав разни бубачки како ги опрашуваат и им помагаат за догодина да бидат уште поубави, да се развиваат и да цветаат и тука се ставав и самата (и дури ќе заборавев дека воловите ги чувам).
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
69 Не гледајќи никакви теоретски разлики меѓу уметниците кои си ја вршат својата работа сликајќи слики и уметниците кои ја вршат својата работа преку решавање на општествените проблеми, оваа уметничка 68 Fran Ilich and Luis Humberto Rosales, „Borderhack 2000“, http://subsol.c3.hu/subsol_2/contributors/ilichtext.html (ac- cessed Sept 07, 2006 69 Pascale Jeannee, “WochenKlausur,” in WochenKlausur: Sociopo- litical activism in art, ed. Wolfgang Zinggl (Wien: SpringerWien- NewYork, 2001), 7. 53 група веќе 13 години развива и реализира мали, но конкретни социополитички интервенции.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)