разврзе (гл.) - јазик (имн.)

Ракијата не само што им ги зажари образите и им ги светна очите, ами и им ги разврза јазиците и им удри во главите, па почнаа сѐ погласно и речиси едногласно да зборуваат, надвикувајќи се како да се на отворена сцена а, не во затворена просторија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
П-в (Павел Шатев - б.м.) - пишува Хр. „Фатениот атентатор на паробродот ’Гвадалкивир’, П. Коцев - го беше разврзал јазикот и раскажал се - од игла до конец.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)