разгледа (гл.) - наоколу (прил.)

Или сакате само да разгледате наоколу?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се заниша малку се сврте ваму - таму, разгледа наоколу и кога го виде расплаканото девојче го расчепи клунот и гракна: - Гра-а!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не можејќи ништо да кажат, разгледаа наоколу и кога не видоа никого, помирено, полека, го продолжија патот пред војниците. Се движеа малдисано и безнадежно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Капетанот застана, разгледа наоколу.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Попот разгледа наоколу, испеа што испеа и кога мислеше дека е време, го фрли крстот в река.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Во еден миг застана реката, го исполни коритото, се поткрена на бреговите, разгледа наоколу: што се случи, се прашува самата, каде е човекот, и со денови шеташе сама низ полето, ги раскопа друмовите, ги раскорна плочите, а кога му ги откри трагите таа се повлече во коритото, спокојна и плавна, загледана во човекот што го чита Борхеса: тенкото жуборење на водата што го довикува споменот на пустината.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Застана на едно место и се разгледа наоколу, не толку со љубопитство, колку со важност, божем целиот свет знае дека се вратил и дека е тој тука, но не истиот, туку друг, богат, испеглан и чист, човек од светот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се разгледав наоколу и ги видов уште порано започнатите работи околу уредувањето на просторот околу бунарот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Клукајдрвецот како да заклучи дека секој треба да си ја гледа својата работа па се поткачи погоре на стеблото и, откако за секој случај разгледа наоколу, заудира со клунот во корката од брезата од што рафалниот звук се разнесе со ехо, а на авторот му дојде да се фати за темето поради немилосрдноста на чудната птица кон сопствената глава.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сепак се решив да тргнам за да разгледам наоколу.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А потоа се разгледал наоколу и кога се уверил дека никој не го гледа, си рекол сам со себе си: — Трај, Трајче, не се фали многу, оти и на млади години ваков торлак си беше“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Горјан стана долепен до дабот, разгледа наоколу и додаде: - Кога ќе прекинат, мора да се близу.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)