размислува (гл.) - да (сврз.)

Размислуваше да го начека кога оди в поле на работа и од скриено место со пиштол да му пука. Но каде да најде пиштол?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Од таа моја несреќна авантура изегов со две лузни: најпрвин, јас сфатив дека Луција точно виде дека моето тело е неискусно во љубовта и дека не сум спиел со жена; тоа ме понижи и ме доведе во ситуација да не излегувам никаде; паднав во депресија и почнав да размислувам да платам проститутка, за да ја завршам таа работа (токму така мислев, и сега тоа ми е многу симпатично: да ја завршам таа работа); второ, не знаев да ли има смисла, откако ќе ја усвојам технологијата, да се враќам кај Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На пример, размислувале да му дигнат пари на богатиот велешки Турчин Аршин-бег, но никако не успеале да влезат незабележано во неговата куќа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Има и друго решение! – Првин размислував да го продадам последниот прстен што ми остана од мајка ми...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ваквото алтернативно толкување на когентни (ius cogens) и императивни норми со останатите законски субординирани прописи е класичен пример за противуставност и авторите на оваа студија сериозно размислуваат да го искористат своето уставно загарантирано право и поднесат претставка до Уставниот суд на РМ, како споменатите норми во иднина би можеле да биде касирани.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Кога веќе размислуваше да се откаже и да поверува во својата фиктивност, конструираност и лажност, се сети.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Размислував да се обидеме во бунарот да фрлиме храна за козите и за Чанга. Беше јасно на што целеше татко ми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)