разјасни (гл.) - дека (сврз.)

Огнена Гулева се обидува на Ристе декоратерот да му разјасни дека не знаела оти синот е толку горделив, непристапен, или поточно повлечен во себе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа укажувало дека е на мајка си.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но таа разјасни дека всушност сака уредувањето на гробот да биде под нејзина контрола.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И да не се сретнел со некој руски учен, кој му разјаснил дека не е Грк, никогаш не ќе земел да изучи наше писмо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се разјасни дека паднатото девојче што пискаше и кое доста се беше удрило, го турнало неговото братче.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)