раскаже (гл.) - во (предл.)

Како по индексот на Арне и Томпсон, секој филм можеше да се раскаже во три реченици, означени дури и со бројки.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Таа е раскажана во реалистичен стил со фантастични пресврти кои се третираат на рамништето на истата стилска постапка, во ист семантички код, стил во која преовладува природниот раскажувачки тон (на кој му веруваме) проткаен со ритмична и често римувана проза.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Немав девојка, ја сакав Луција. И тоа е сосема доволно за ова кратко нешто што го пишувам, оти мојот живот, навистина може да се раскаже во неколку реченици.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Понекогаш можеби и го фрла скришно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
(Патешествијата на Кривошееви и на многу други фамилии раселени од огништата во Грција до болка се раскажани во романите на Ташко Георгиевски... во Плочата на животот е објавено и писмото што дедо ми Борис од Ташкент и го пишувал на баба ми кога таа со неговите три сина живеела во Гаково).
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но тоа може да се раскаже во нова книга, за новите жртвувања на Балканот, но и за лудите крави во Европа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Од деталите раскажани во врска со овој мој постојан сон толкувачот на сонови од оваа барака извлекол заклучок дека прогонувачот постојано се движел праволинејно а притоа и прилично брзо за да може да изведе и таква операција каква што е наведнувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само две-три педи поднаведни се ме советуваше тој и твојот прогонувач ќе профучи покрај тебе како заслепен бик.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се симнуваше долго и бавно. Толку бавно, што е невозможно да се раскаже во олку кратка приказна.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)