раскинува (гл.) - договор (имн.)

После половина година од склучувањето на Договорот за закуп на Клуб-кафеаната, сопственикот на хотел „Епинал“ и на С.Р.С. ДОО Скопје, со допис датиран од ноември 2006, еднострано го раскинува договорот6 со Министерството за култура, а во текот на декември 2006, на работниците што ги презеде по основ на тој договор им соопштува дека нивната работа во хотелот е завршена и ги прогласува за технолошки вишок, вклучително и Митревски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За време на овој мошне стресен период, Митревски на неколку пати бара повторно да биде вратен на работа во НУЦК, потенцирајќи дека на ваква работа никогаш не се сложил, ниту пак дека го потпишал решението за престанок на работен однос во установата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На тој начин, би дошло до зголемување на бројот на невработени, бидејќи работодавачите ќе им ги раскинуваат договорите за работа на определено време на работниците пред истекот на петте години, наместо да ги трансформираат во договор за работа на неопределено време.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)