распне (гл.) - помеѓу (предл.)

Се чувствував распнат помеѓу старото и новото писмо.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Секако, на почетокот се чувствував распнат помеѓу двете писма, помеѓу двата света на разминување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Помеѓу јавето и сонот, во бездната на возбудата и љубовта животот распнат помеѓу две сенки... Пред нас ново искушение...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
На крајот распнат помеѓу импресионизмот и кубизмот, тој си го одзема животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како ретко кој друг во историјата, Фаик Коница со својот живот и творештво ја изразуваше судбината на Албанците распнати помеѓу Западот и Истокот, минатото и иднината, родната земја и егзилот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сето непознато е и Бог. Човек од искона е распнат помеѓу реалноста на животот и илу­зиите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ема ми легна со главата на градите. Знаев дека ме сака.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се чувствував беспомошен, распнат помеѓу судбини на луѓе кои ми се ѕвереа од темнината, ми кажуваа нешто со мимики, ми се закануваа, ме влечеа низ трње и змијарници, и фрлаа по мене со сè што ќе им дојдеше под рака, ми се смееја и плачеа над мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Лежел со раширени раце, распнат помеѓу смртта и заборавот, црн и црвен, со три отворени рани во лицето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сакам да кажам: распнат помеѓу иднината и минатото, заплеткан во преплетувањето на временските (нивоа) рамнини.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Песната е рожба на страствен хетеросексуален, грешен зачеток.  Постојано пре-создавајќи го светот, јазикот е распнат помеѓу Бога и Човекот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)