распореди (гл.) - храна (имн.)

Им нафрла сено, слама, царевиње, убаво го намести капакот, па слезе долу да им ја распореди храната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Долж џадето - повторувам - И немој да ме прекинуваш, да, долж џадето Желево - Брезница - Смрдеш, реков, па сѐ до Лабаница да ја распоредиш храната и да има и варено месо, сирење, кашкавал....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потоа се симна во кошарата и ја распореди храната по јаслите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)