расправа (гл.) - дека (сврз.)

Се расправаше дека, во овие дни, Лајпциг имал околу 700.000 гости, колку што има и жители.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оваа солуција нема да ги има предностите на локалната автономија (за што тие може да се расправаат дека негрчка Македонија е премногу мала и сиромашна); а како што се навестува... тоа би го зголемило стравот на Турција и на Грција“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Расправаат дека многу ја има во овие води и затоа може да се лови така богато.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ДЕПА: Ама што ти треба тебе да расправаш дека Бугарите му викале на маче коте.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ми расправаа дека во болницата работат над илјада души.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште во Брисел ми расправаа дека Бланкенберге на Северно Море е најголемо летувалиште и одморалиште на Белгија, па и најголемо во овој дел на приморска Европа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Како петта солуција ја истакнале можноста „Балканскиот Полуостров да се најде под контрола на голема сила, таа сила да стави крај на локалните непријателства и да ги смири расите во Македонија и на целиот Полуостров и нејзе да ѝ бидат потчинети".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)